Утрински Весник
Свет

ОН: Милиони луѓе во Етиопија се на работ на „катастрофа“

20250423081914 big 730x400 64.webp.webp

Шефот на агенцијата на ОН за помош во храна во Етиопија, Златан Милишиќ, издаде остро предупредување дека милиони луѓе во оваа земја се наоѓаат на работ на „катастрофа“, објави Би-Би-Си.

Милишиќ објави дека поради недостиг на финансии, Светската програма за храна (WFP) „е принудена од следниот месец да ја прекине својата работа“ поврзана со повеќе од половина милион неухранети жени и деца.


Во следните недели дури 3,6 милиони лица нема да имаат пристап до помош во храна  доколку не пристигнат повеќе пари, предупреди Светската програма за храна.

Етиопија сè уште ги чувствува последиците од двегодишната граѓанска војна во северниот регион Тигре, која заврши во 2022 година, објави Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа