Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ почна уште една недела на лидерската позиција од АТП-листата

Screenshot

Најдобриот тенисер, Србионот Новак Ѓоковиќ ја почна 412 недела како лидер на АТП рејтинг листата. Кога станува збор за оваа статистичка категорија се гледа доминација на Ѓоковиќ во однос на своите конкуренти за признанието најдобар тенисер во светот. Ѓоковиќ има 102 недели повеќе поминато на првото место на АТП-листата од „пензионираниот“ Швајцарец Роџер Федерер, а дури 203 повеќе од Шпанецот Рафаел Надал. Веднаш зад најтрофејниот тенисер во историјата, кога се во прашање и освоените гренд-слем титули Ѓоковиќ се наоѓа Шпанецот Карлос Алкараз, кој заостанува околу 600 поени. Трет тенисер во светот оваа недела е Данил Медведев од Русија, следен е актуелниот победник на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер, додека на петтото место е уште еден Русин – Андреј Рубљев. Македонскиот најдоброрангиран тенисер Калин Ивановски забележа мал пад на листата во однос на минатонеделното рангирање и сега е 345. местото со 145 поени.

Pet Utrinski

Можете да прочитате

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата