Утрински Весник
Свет

Песков: Терминалите на „Старлинк“ не се сертифицирани од Москва и не можат да се користат во Русија

W 53483019.jpg

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека комуникациските терминали „Старлинк“ не се сертифицирани во Русија и затоа не можат официјално да бидат испорачани во Москва и да се користат. Овој систем не е сертифициран овде во Русија, така што не може официјално да биде испорачан овде и не е испорачан. Тоа значи дека не може официјално да се користи на кој било начин“, им рече Песков на новинарите на прашањето за потенцијалната употреба на „Старлинк“ во Русија. јавува ТАСС. Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск претходно изјави дека сателитските комуникациски терминали „Старлинк“ развиени од неговата компанија Spacex никогаш не биле продадени на Русија и ги демантираше извештаите на медиумите, повикувајќи се на извори од украинската војска дека руските сили наводно ги користат тие терминали.

Можете да прочитате

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е исчезнат

12 Британци уапсени за планирање напад врз исламски собир

Трамп: Ќе го контролираме Ормускиот теснец и другите земји ќе ни плаќаат за тоа