Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го „збриша“ Мусети за полуфинале во Берси

Ѓоковиќ го „збриша“ Мусети за полуфинале во Берси

Новак Ѓоковиќ му дозволи само три гема на Италијанецот Лоренцо Мусети за 6:0/6:3 победа и пласман во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Париз, одигрувајќи го својот најдобар меч на турнирот и покажувајќи дека е во добра форма пред финалето на сезоната во Торино.

dobivaj vesti na viber

За пласман во финалето, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Гркот Стефанос Циципас и Американецот Томи Пол, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Данецот Холгер Руне и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Србинот фуриозно го освои првиот сет за само 24 минути, пред во вториот, младиот Италијанец да направи брејк за да поведе со 2:1 и да најави лута борба. Но, веќе во слениот гем тој ја загуби предност и на крајот го заврши мечот со 28 неизнудени грешки.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите