Утрински Весник
Македонија

ОКОЛУ И ПО 5 ЈУНИ ОД СЕВЕРОЗАПАД КОН ЕВРОПА ПРИСТИГНУВА НЕВООБИЧАЕНО ЛАДЕН ВОЗДУХ КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД, ПА ДУРИ И СНЕГ

Gfs 1 96.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Веќе околу, па  и по 5 јуни од северозапад во европа ќе навлезе многу поладен воздух кој нагло ќе ги спушти температурите на воздухот далеку под просекот за месец јуни. Покрај ова овој ладен воздух ќе биде придружен и со силен циклон кој во северна па и во делови од централна европа ќе предизвика пообилни врнежи од дожд и снег.

Дури не се исклучува можноста овој ладен бран да предизвика  и појава на утрински мразеви, особено на повисоките  и на планинските места.

Секако дека ова е невообичаено за овој дел од годината, поради тоа што веќе  денес е климатолошко лето.

Можете да прочитате

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk