Утрински Весник
Спорт

Јокиќ со трипл-дабл во триумфот на Денвер, маестрален беше и Адетокумбо

Јокиќ со трипл-дабл во триумфот на Денвер, маестрален беше и Адетокумбо

Кошаркарите на Денвер го победија Голден Стејт Вориорс со 134:117, а Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија. Српскиот центар оствари трипл-дабл постигнувајќи 22 поени, со 16 асистенции и 14 скока. Интересно е што Нагетс не губат кога Јокиќ има трипл-дабл. Рекордот на Денвер во натпревари во кои Јокиќ постигнал трипл-дабл е 17 победи.

dobivaj vesti na viber

Џамал ​​Мареј постигна 33 поени во победата на Денвер, заедно со осум асистенции и пет скока. Добра вечер имаше и словенечкиот репрезентативец Влатко Цанчар кој за 32 минути на теренот постигна 17 поени, со три скока и три загубени топки.

Стеф Кари постигна 28 поени за Вориорс, заедно со пет скока и асистенции.



Јанис Адетокумбо за првпат во кариерата стигна до 50 поени трипати во една сезона и е најзаслужен за најголемиот пресврт на Милвоки Бакс оваа сезона, во кој се вратија од негатива од 21 поен и ги победија ЛА Клиперс со 106:105.

Клиперс ги предводеше Норман Пауел со 26 поени. Ова е шеста победа во низа за Милвоки, кој се зацврсти на второто место на Истокот.

ЛА Лејкерс славеа на гостувањето кај Индијана со 112:111, а Леброн Џејмс со 26 поени се доближи до рекордот на Карим Абдул Џабар и сега му недостасуваат само 63 за да стане најдобар стрелец на сите времиња во НБА.

Далас Маверикс со 111:106 победи против Њу Орлеанс, а Лука Дончиќ постигна 31 поен со осум скока и четири асистенции.

Резултати НБА: Индијана – ЛА Лејкерс 111:112, Кливленд – Мемфис 128:113, Њујорк – Мајами 106:104, Чикаго – Шарлот 114:98, Далас – Њу Орлеанс 111:106, Денвер – Голден Стејт 134:117, Милвоки – ЛА Клиперс 106:105.

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки