Утрински Весник
Спорт

Јокиќ со историски трипл-дабл ја уништи Атланта

Untitled 2.jpg

Никола Јокиќ одигра историски добaр натпревар во победата на Денвер Нагетс над Атланта Хокс од 139:120.

Актуелниот МВП вo НБА лигата, натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. Јокиќ го запиша 143.трипл-дабл во кариерата.


Тој е првиот играч кој стигна до 20/15/15 за неполни 30 минути на теренот.

Покрај Јокиќ, поентерски придонесоа Џамал Мареј и Мајкл Портер со по 21 поен, а се истакна и споменатиот Вестбрук со 16 поени и 11 асистенции.

На другата страна, Тре Јанг постигна 30 поени и девет асистенции, а Деандре Хантер со 20 поени.

Резултати

Детроит – Орландо 105:96
Вашингтон – Чикаго 125:107
Мајами – Њу Орлеанс 119:108
Њујорк – Јута 119:103
Торонто – Бруклин 130:113
Хјустон – Далас 110:99
Денвер – Атланта 139:120
Сакраменто – Филаделфија 113:107

Можете да прочитате

О’Саливен ја тужи Светската снукер организација, бара 12 милиони евра

Нестварен пресврт на Денвер во Далас, Индијана ја прекина победничката низа на Кливленд

Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025