Утрински Весник
Спорт

Јокиќ шоу против Мемфис – Денвер се лидери на Западот

Јокиќ шоу против Мемфис – Денвер се лидери на Западот

Никола Јокиќ со 82. трипл-дабл во кариерата го искачи Денвер на челната позиција во Западната конференција. Денвер, изминатата ноќ, го победи Мемфис со 105:91.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ си поигруваше со противникот, не шутираше многу, туку најмногу се фокусираше на разигрувањето со соиграчите, па натпреварот го заврши со 13 поени, 13 скока, 13 асистенции, две украдени топки, со шут од поле 6/12. Така Јокиќ по натпреварот против Мемфис стана само вториот кошаркар во историјата кој на два последователни натпревари имаше 50+ поени, 40+ скокови и 20+ асистенции, со над 50 проценти шут од поле.

Натпреварот практично беше решен во првата четвртина во која Денвер дојде до голема предност (35:14). Мемфис продолжи да се обидува да се врати, дури и со едноцифрена негатива, но Јокиќ и соиграчите не им дозволија целосно да се вратат во мечот.

Јокиќ со асистенциите го одземаше здивот, а особено впечатлива беше онаа низ нозе за Брус Браун.

Јокиќ доминираше во играта, постигна само 13 поени и веројатно е еден од ретките кошаркари, ако не и единствен, во лигата кој може на тој начин да го контролира натпреварот.

Актуелниот двократен МВП ја имаше поддршката и од соиграчите. Арон Гордон постигна 24 поени, со седум скока, Брус Браун додаде 16, Кристијан Браун 13 поени, а Колдвел-Поуп 12. Добар придонес од клупата имаше и Хајланд со 12 поени.

На овој натпревар кај Денвер отсуствуваа Џамал Мареј и Мајкл Портер Јуниор.

Мемфис го предводеше Џа Морен со 35 поени и 10 асистенции.

Резултати:

Детроит Пистонс – Јута Џез 111:126
Мајами Хит – Чикаго Булс 103:113
Њујорк Никс – Голден стејт Вориорс 132:94
Феникс Санс – Вашингтон Визардс 110:113



Можете да прочитате

Проблем за ФИФА – Фудбалерите се заканија со тужба

Баер Леверкузен ги урна сите рекорди на непобедливост

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ