Утрински Весник
Македонија

OJO во Кочани поведе постапка против 26 лица за непостапување според здравствените прописи

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапка против 26 лица кои во одделни кривично правни настани, во периодот од 23 април до 22 мај 2020 година, го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

– Тие не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, наведоа од ОЈО.

За стореното кривично дело, Обвинителството му предложило на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 500 до 2000 евра во денарска противвредност.​см/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно