Утрински Весник
Македонија

Огнената група: И официјално сме фракција на ДУИ

Огнената група:  И официјално сме фракција на ДУИ

Огнената група на ДУИ од денеска и официјално ќе функционира како фракција на ДУИ, ова членовите на таа група го соопштија на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Денеска стоиме пред вас како фракција на ДУИ и наша обврска е да бидеме неспорен глас на сите Албанци и тој глас нема да го замолчи никој“, беше потенцирано на прес-конференцијата од страна на членството на огнената група.

Во ДУИ како што потенцираа постојат двојни стандарди за дебата и одлучување. „Нашиот предлог за гласање за доверба на министрите во власта беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според статутот, партиските органи не постојат. Политичките одлуки се прават исклучиво од страна на министрите на ДУИ“ велат огнените.

Целта, со фракцијата како што појаснуваат е да се добие битката внатре во ДУИ, затоа што досега како што истакна Меџити се позитивно прифатени од страна на граѓаните.

На прашањето за оспорувањето на фракцијата од страна на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Меџити рече дека ДУИ промовира европски вредности и затоа смета дека нивната фракција не треба да се оспорува.

„Сега е моментот да има фракција и не знам од кои причини Ахмети рече дека нема да го дозволи тоа. Фракциите се европски вредности и тие тоа го промовираат“, рече Меџити.

Одговарајќи на прашањето дали со ваквиот чекот можат да бидат казнети и исклучени од ДУИ, Блерим Беџети кажа дека други треба да ја понесат вината или казната за настанатата ситуација.

Објаснувме зошто дојде до оваа ситуација. Клучниот орган во партијата – Централното претседателство не беше консолидирано скоро три годинии од тука почнаа сомнежите дека органите на партијата се узурпирани од страна на министрите на ДУИ. До оваа ситуација е дојдено поради узурпаторите и непочитување на статутот на партијата, нагласи Беџети.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег