Утрински Весник
Свет

Песков за српско-американските воени вежби: Внимателно следиме што прави Србија со НАТО

Песков: Невозможни услови на Бајден за преговори со Русија

Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“, што Србија ги спроведува со САД и десет други земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до споменатите вежби, ние секако ќе ги следиме многу внимателно“, одговори Песков на новинарско прашање дали Русија е загрижена поради намерата на Србија да одржи воени вежби со САД. Според него, притисокот врз Белград да зазема антируски став не престанува.

„Постои постојан обид Србија да се стави на страната на оние што се придржуваат до антирускиот став. Знаеме дека Белград е под страшен притисок, притисок без преседан“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Српските вооружени сили годинава ќе ја одржат воената вежба „Платинест волк“ со припадниците на американската армија и западните партнери, со што ќе заврши мораториумот за учество на билатерални и мултилатерални вежби со сите партнери, воведен по војната во Украина.

Можете да прочитате

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја

Индонезијците протестираат против центрите за податоци: „Немаме вода“

Земјотрес со магнитуда од 5,7 ја погоди Јапонија, повредени повеќе од 20 лица