Утрински Весник
Македонија

Одржан првиот состанок на политички директори на САД-Јадранската Повелба

Одржан првиот состанок на политички директори на САД-Јадранската Повелба
300x250 (7)

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба (А5), во Скопје, се одржа првиот заеднички состанок на политички и одбранбени директори од министерствата за надворешни работи и министерствата за одбрана на земјите-членки и набљудувачи на Повелбата.

dobivaj vesti na viber

Нашето претседавање коинцидира со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, при што на состанокот беа поздравени досегашните постигнувања на А5 рефлектирани во соодветно зачленувањето на четири земји од Повелбата во НАТО Алијансата. Оттука, во фокусот на разговорите на состанокот беа начините за ревитализација и адаптација на иницијативата кон новата безбедносна реалност и актуелната регионална динамика. Целта е да се зајакне политичката улога на Повелбата и да се креираат нови механизми за соодветно адресирање на актуелните безбедносни предизвици во регионот, велат од МНР.

300x250 (7)

На состанокот, како што информираат, стана збор и за последиците од руската воена агресија во Украина врз регионот, со посебен акцент на сајбер и хибридните закани, ранливноста на критичната инфраструктура и справувањето со дезинформации. Беа разгледани начините за зајакнување на отпорноста преку заеднички дејствија и соработка.

Дополнително, беше усвоен и Акцискиот план на претседавањето на Северна Македонија САД-Јадранската Повелба во тековната година.

„А5 е уникатен форум на соработка, кој во своите редови покрај земјите од регионот ги има и САД, како наш стратешки партнер. Поконкретно, во Повелбата членуваат Албанија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Словенија и Косово имаат статус на земји-набљудувачи. Формирана во 2003 г., оваа организација две децении генерира безбедност и стабилност во овој дел од Европа“, се додава во соопштението од МНР.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ