Утрински Весник
Свет

Одрон затрупа автобус во Колумбија, најмалку 27 лица загинаа

Одрон затрупа автобус во Колумбија, најмалку 27 лица загинаа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 27 лица загинаа во лизгање на земјиштето што затрупа автобус во северозападна Колумбија во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти.

dobivaj vesti na viber

„Досега 27 лица, меѓу кои и три малолетни, загинаа во трагедијата во Рисаралда“, напиша на Твитер колумбискиот претседател Густаво Петро.

Тој додаде дека изразува солидарност со семејствата на жртвите и вети поддршка од Владата.

Претходно, гувернерот на Рисаралда, Виктор Мануел Тамајо изјави дека пет патници од автобусот преживеале, а спасувачите работат на пронаоѓање на телата на другите жртви, пренесува Ројтерс.

Колумбија ја погодија обилни дождови под влијание на временскиот феномен Ла Ниња, а досега загинаа повеќе од 216 лица, 48 лица се уште се водат како исчезнати, додека 538.000 луѓе останаа без своите домови поради несреќи предизвикани од врнежите.

Можете да прочитате

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир

Група облечена како Дедо Мраз украде храна во Монтреал за да ја подели на сиромашните

Сојузниците губат доверба во САД по политика на Трамп