Утрински Весник
Економија

Колони на „Ќафасан“: Илјадници Албанци доаѓаат во Македонија по поевтино гориво

Screenshot 2026 04 04 155052.jpg

Глобалниот ценовен шок предизвикан од случувањата во Иран доведе до зголемен притисок на граничните премини во регионот, при што денеска е регистриран невообичаено голем проток на возила на преминот Ќафасан.

Според извештаите и снимките објавени од Euronews Albania, илјадници граѓани од Албанија чекаат во долги редици за влез во Северна Македонија, со цел да купат гориво и основни прехранбени производи по пониски цени.


Според информациите од терен, за преминување на границата се чекало и повеќе од два часа. Слични сцени на масовен премин се забележани и на албанско-грчката граница кај Какавија.

Во меѓувреме, Владата уверува дека состојбата е стабилна и дека нема ризик за енергетската сигурност. За утре во Скопје е закажана вонредна владина седница, на која, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разгледа намалување на акцизите на горивата.

Целта на оваа мерка е да се ублажи ценовниот притисок врз домашните потрошувачи и да се спречи евентуален нов бран поскапувања.

Мицкоски ги отфрли шпекулациите за воведување рестрикции или ограничување на количините гориво.

„Во моментот немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување. Напротив, гледаме дека и граѓани од соседните земји доаѓаат кај нас и ги полнат своите резервоари“, изјави премиерот.

На прашањето дали Владата ќе воведе мерки за штедење енергенси по примерот на некои земји од Европската Унија, тој беше дециден дека во моментов нема таква потреба.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата

УЈП со учество на настан организиран од ММФ

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли