Утрински Весник
Свет

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати
300x250 (7)

Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

-Утрото на 5 декември, режимот на Киев, за да ги онеспособи руските авиони со долг дострел, се обиде да изврши напад со млазни дронови од советско производство на воените аеродроми „Дијагилево“ во Рјазанската област и „Енгелс“ во регионот Саратов.

300x250 (7)

Според извештајот, воздушната одбрана на руските воздушни сили ги пресретнала овие украински беспилотни летала кои летаат на мала височина.

Во нападот на вооружените сили на Украина загинаа тројца руски војници, а четворица беа повредени.

Како резултат на падот и експлозијата на фрагменти од украински беспилотни летала на руските аеродроми, лесно е оштетена облогата на трупот на два авиони,пренесе Новости.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанскиот премиер Педро Санчез утре ќе соопшти дали поднесува оставка

Ирак воведува затворски казни до 15 години за ЛГБТК+ лицата

Ирачка Тиктокерка убиена пред нејзината куќа во Багдад