Утрински Весник
Македонија

Одлуки за склучување договори за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со индивидуални земјоделци

09042024 Vrsm 2.jpeg

Владата разгледа и усвои повеќе информации од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, околу согласности за склучување договори за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со индивидуални земјоделци и донесе одлуки за давање на согласностите.м Со денешните одлуки на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе склучи договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со закупците, претежно од светиниколскиот регион на кои претходните договори за закуп престанаа да важат заради истек на времетраење на нивните договори, а законот им дава можност за нивно продолжување. Продолжувањето на посочените договори доаѓа во пресрет на периодот за поднесување на барањата за финансиска поддршка од мерките за директни плаќања, и со склучувањето на новите договори земјоделците ќе го имаат регулирано корисничко право на земјоделското земјиште во државна сопственост. Како што е посочено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 39 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, по истекот на времетраење на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, по барање на закупецот, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот за закуп, министерот може, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија, со непосредна спогодба, да склучи нов договор за закуп со закупецот, најмногу за период од петнаесет години. Но, во случај кога истекува времетраењето на договорот за закуп, а на земјоделското земјиште има подигнато долгогодишен насад во сопственост на закупецот и закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот, по барање на закупецот, министерот може со непосредна спогодба да склучи нов договор за закуп, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија, за период најмногу до амортизацијата на долгогодишниот насад.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата