Утрински Весник
Спорт

Одлуката е донесена – Бускетс ја напушта Барселона

Одлуката е донесена – Бускетс ја напушта Барселона

Капитенот на Барселона и Шпанија, Серхио Бускетс, од следната сезона нема да биде играч на Барселона. Бускетс во текот на својата кариера го носеше дресот на славниот клуб.

dobivaj vesti na viber

Како што стојат работите, одбранбениот играч за врска од следната сезона ќе настапува во САД, во МЛС-лигата, каде што ќе биде играч на Интер од Мајами.

Шпанските медиуми објавија дека Бускетс одлучил дека е вистинскиот момент да се повлече од репрезентацијата и од Барселона. Тој му порача на Луис Енрике дека натпреварите во Катар ќе му бидат последни во дресот на Шпанија, како и дека оваа сезона е последна во дресот на Барселона.

Неговиот договор со Барселона истекува на 30 јуни. Слободно може да се каже дека ќе се пресели во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Бускетс за првиот тим на Барселона и Шпанија дебитира во 2008 година.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД