Утрински Весник
Спорт

Одличен ждреб за Ѓоковиќ, многу потежок пат за Надал на Австралија опен

Одличен ждреб за Ѓоковиќ, многу потежок пат за Надал на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на спротивната страна од ждребот во однос на неговиот најголем ривал и прв носител Рафаел Надал на годинашниот Австралија опен, кој е закажан од 16 до 29 јануари.

dobivaj vesti na viber

Двајцата можат да се сретнат дури во финалето.

Откако прескокна една година на австралискиот гренслем, Новак Ѓоковиќ, кој е четврти носител, ќе го отвори турнирот против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена. Проектиран противник на Новак во полуфиналето е Каспер Руд, а во четврт-финалето Фриц би требало да го предизвика Норвежанецот.

Бранителот на титулата Рафаел Надал ќе има потешка задача во првото коло, бидејќи ќе игра против Британецот Џек Дрејпер. Проектиран ривал на Надал во полуфиналето е Стефанос Циципас, кој стартува против Квентин Алис.

Турнирот започнува в понеделник, а титулата ја брани Рафаел Надал, кој лани во финалето го победи Данил Медведев со 3:2 во сетови.

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!