Утрински Весник
Спорт

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

20260225164312 big 730x400 2.webp.webp

Фудбалерите на Силекс не дозволија изненадување во четвртфиналното соочување од Купот на Македонија против второлигашот Детонит Плачковица, триумфирајќи попладнево со 3:0.

Головите за Силекс ги постигна Дарко Додев, Дарко Ангелески и Мигел Фереира Пиреш.


Силекс во полуфиналето за противник ќе го има Охрид, кој вчера го елиминираше Вардар додека Шкендија Арачиново по победата над Работнички го чека епилогот од дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Тетово што ќе се одигра на 18. март.

Куп на Македонија – четвртфинале

Шкендија Арачиново – Работнички (2-1)

Вардар – Охрид (2-4, 1-1 на пенали)

Детонит – Силекс 0-3

Струга – Шкендија (18. март)

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари