Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не соопшти какви задачи доби на маса од Али Ахмети и Еди Рама

Премиерот Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека премиерот на Албанија, Рама
Ss2

Ковачевски ги потврди нашите сомневања, средбата во Тирана е со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети. Вчера Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не и соопшти на јавноста што се доби на маса за спас на владата. Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата прашуваат дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства, или пак на маса му се ставени нови бизнис интереси на ДУИ и додаваат дека Димитар Ковачевски треба да се охрабри и да каже што задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама.

Ss1

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски ќе прифати се што ќе му дадат, знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден се помалку и веруваат на оваа влада.

Доколку СДС и ДУИ сметаат дека се што прават е за доброто на граѓаните, наместо средби во други држави, нека се охрабрат и нека закажат средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори.

Само договор со граѓаните е за доброто на државата, ама после сите предавства и криминали кои ги направија, свесни се дека граѓаните ќе ги казнат за сите национални разнебитувања, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт