Утрински Весник
Македонија

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда: Судот да донесе правична одлука

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда: Судот да донесе правична одлука

Одбраната на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, денеска ги образложи завршните зборови и побара судот да донесе правична одлука.

dobivaj vesti na viber

Се посочува дека Обвинителството не докажало дека Драги Рашковски не ги извршил своите обврски во извршувањето на четирите јавни набави.

„Судот оваа постапка може да ја заврши само на еден начин, а тоа е донесување пресуда со која обвинетиот ќе се ослободи од обвинението“, рече адвокатот Владимир Доневски.

Одбраната на Рашковски смета дека процесот почнал со јавна кампања, која имала цел создавање негативна слика во јавноста за Рашковски. Бараат судот да пресуди само врз основа на доказите, со што би ги докажал независноста, објективноста и непристрасноста во оваа кривична постапка.

Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски,не ги извршил службените должности при спроведувањето четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, набавка на АНПР-камери за препознавање регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање регистарски таблички.

Рашковски е обвинет за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Можете да прочитате

Променливо облачно, до 14 степени

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница