Утрински Весник
Македонија

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Основниот суд во Кочани постапувал по 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во Кочани од кои одбиени се 19 жалби и за тие лица останува мерката „притвор“, додека за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат мерката „притвор“ е заменета со „куќен притвор“.

– По донесените 24-решенија за определување на мерката притвор, беа поднесени 22-дваесет и две жалби од осомничените. По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани и одлучи за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор,и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост -привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање, појаснуваат денеска од Основниот суд во Кочани.


Против одлуката на Основниот суд од Кочани за замена на притворот со куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници се поднесени жалби од страна на Основното јавно обвинителство пред Апелацискиот суд во Штип по кои се постапува.

– Против 1-едно од решенијата на Советот од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани со кое е приначена мерката притвор со куќен притвор, нема изјавено жалба и истото е правосилно, велат од Основниот суд во Кочани.

Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Денеска е први април – Денот на шегата

Облачно со повремен дожд и слаб ветер