Утрински Весник
Македонија

Од утре времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево – Сладуево

Kolovoz.webp.webp

Од утре сообраќајот на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево – Сладуево ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Како што информираа од АМСМ, времената измена на сообраќајниот режим е заради започнување со градежни активности во врска со проект санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози.

Од 04:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-с. Драгош е нормализиран.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Ципрас: Ако Заев не го променеше името ќе мораше да влезете под Република Македонија

(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско

Превртена цистерна на автопатот Градско – Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат