Утрински Весник
Македонија

Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините

Dozd.jpg

УХМР информира дека од понеделник ќе преовладува променливо облачно време, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и на планините од снег. Дневните максимални температури во текот на неделата ќе се движат од 10 до 14 степени, а утринските од -4 до 4 степени.

Утре времето ќе биде сончево со негативни утрински температури. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе останат пониски. Утринската температура ќе биде најсника во Берово, -10 степени, а максималната дневна од 12 степени ќе биде во Гевгелија.


Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница