Утрински Весник
Македонија

Внимавајте, на овие патни правци има густа магла!

Magla.jpg

ЈП Македонија пат информира дека намалена видливост поради магла до 100 метри има во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.


-На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Нашите дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“.

Можете да прочитате

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!

Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО

На собраниска седница гласање за новите членови на Советот на АВМУ