Утрински Весник
Македонија

Од полноќ ново поскапување на горивата – РКЕ донесе нова одлука

Gorivo1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.


Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,073 денари и еден килограм ќе чини 45,711 денари.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“