Утрински Весник
Економија

Од полноќ намалување на цената на дизелот

Од полноќ намалување на цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 отсто во однос на одлуката од 23.11.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789%, кај дизелот за 4,373%, кај екстра лесното за 4,239% и кај мазутот намалувањето е за 4,249%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува 41,783 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Можете да прочитате

Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата

Јакимовски ветува дека ќе се залага за гарантиран приход од 25.000 денари за секое пезионерско семејство

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување