Утрински Весник
Македонија

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Meteoalarm.mk 15.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што претходно кажав и најавив, од овој петок (29 Ноември), па за време на викендот, под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, која ќе биде поврзана со значително поладен воздух од север, во Македонија ќе имаме нови и пообилни врнежи од дожд на ниските места (локално ќе наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен). На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира позначителна снежна покривка (над 30/40 cм).

Повремено снежната граница ќе се спушта  и нешто пониско (под 1000 метри надморска височина), па повремено врнежи од снег, претежно влажен снег ќе има  и во повеќето градови, особено во северните  и во западните предели од државава. Има поголеми услови за формирање на снежна покривка и во градовите, особено во претходно споменатите предели од државава.

Што се однесува до Скопскиот регион, во истиот тој период ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини, а повремено и во повисоките предели од котлината ќе има врнежи од снег, каде секако очекуваме формирање на снежна покривка. Не се исклучува можноста локално снег да провее  и во ниските предели од котлината.

Сето ова ќе биде проследено и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите овие два дена остануваат без промени, а од петок доцна попладне и навечер, како и за време на викендот значително ќе опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени.

Можете да прочитате

Чакулева на подкаст ЗРАК: Потребни се иновативни решенија во борбата против загадувањето

Татабитовска: Кумулативниот ефект од загадувањето придонесува прво да се појават, а потоа да се влошат хроничните белодробни болести

Димевски: Има многу мерки за намалување на аерозагадувањето, но дел од нив не се популарни за политичарите