Утрински Весник
Спорт

Од овие играчи подобри немаме

Од овие играчи подобри немаме
300x250 (7)

Фудбалската репрезентација на Македонија во во јунскиот квалификациски циклус, за пласман на Европското прввенство, ќе се соочи со сериозни противници. На 16 јуни во Скопје ќе гостува Украина, а три дена подоцна Македонија на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе игра против Англија.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Благоја Милевски, во четвртокот го објави спискот на репрезентативци. Македонија против Украина и Англија ќе биде без напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски и фудбалерот на Барнили, Дарко Чурлинов. Миовски се повреди минатата недела, а Чурлинов поради сепса е хоспитализиран во Белград.

300x250 (7)

Меѓу 29. играчи на спискот, само еден е дебитант. Тоа е Сефер Емини од Сондерјиске.

„Во овие две години, само еден натпревар одигравме комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. Ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од со она што го имаме. Се надевам дека сите повикани ќе бидат спремни и ќе бидат со тимот. Кога дојдов реков дека ќе повикувам фудбалери кои играат во своите клубови и кои се во најдобра форма. Тие принципи морам да ги погазам, бидејќи ако се водам според нив тогаш 70 отсто од играчите не би добиле повик. Ние немаме голем ростер“, рече Милевски.

Македонија подготовките ќе ги започне на 10 јуни. Ден подоцна на соиграчите ќе им се приклучат Дејан Илиев и Езџјан Алиоски.

Еден дебитант на списокот на Милевски за натпреварите со Украина и со Англија

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал