Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Sorid1.jpeg

Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.

 „Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна  помош на оние на кои им е потребна”, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице.

Можете да прочитате

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана” нема да го ставам на дневен ред на Советот

„Вкуси ја Македонија во чаша” – три дена вино, музика и македонски вкусови во „Македонско село”

Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации