Утрински Весник
Спорт

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Screenshot 2024 03 29 131222.png

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше изненаден во четвртфиналето на турнирот во Мајами од Бугаринот, Григор Димитров. Првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ не настапуваше на турнирот, па младиот Алкараз ја доби улогата прв фаворит на турнирот, која не ја оправда. Со елиминација во четвртфиналето Алкараз ќе загуби и бодови на АТП листата. Тоа е добра вест за Ѓоковиќ, кој ќе ја зголеми предноста пред Алкараз на АТП листата. Во претходната сезона Алкараз во Мајами играше во полуфинале, па бидејќи сега настапот го заврши една фаза порано ќе загуби 160 поени. Ѓоковиќ ќе ја зголеми предноста и ќе има 1.080 поени повеќе од Алкараз. Италијанецот Јаник Синер кој игра во одлична форма од почетокот на 2024 година ако го освои турнирот ќе му се доближи до Шпанецот на само 135 бода.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига