Утрински Весник
Македонија

Обвинителството со истрага и предлог за притвор за разбојништвото во обложувалницата

Обвинителството со истрага и предлог за притвор за разбојништвото во обложувалницата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишникот од Куманово, кој откако вчера избегал од затворот “Идризово”, со употреба со огнено оружје и закана дека непосредно ќе нападне врз животот на едно лице, извршил разбојништво во обложувалница.

dobivaj vesti na viber

Осуденото лице избегало од КПУ „Идризово“, каде требало да издржува казна затвор заклучно со јануари 2027 година. Потоа тој дошол до обложувалница во населбата Маџари, влегол во објектот и од зад грб му пришол на вработениот. Му се заканил со пиштол и го принудил да ги извади парите од сефот и да ги стави во црна најлонска вреќа. Самиот осомничен продолжил да пребарува по фиоките каде пронашол уште пари и ги ставил во вреќата.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска став 1 од Кривичниот законик и се стекнал со противправна имотна корист од 593.525 денари.

На излегување, го одзел клучот од влезната врата на просторијата за наплата и откако излегол од просторијата го заклучил вработениот внатре. При бегањето, осомничениот го забележале полициски службеници кои го лишиле од слобода во близина на местото на настанот.

Иако се работи за осудено лице на издржување затворска казна, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, соучесници, прикривачи и го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори или ќе стори ново кривично дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните