Утрински Весник
Македонија

Димитриеска Кочоска: Министерот за финансии рече ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра, тие пари сакаат да ги обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал

Димитриеска Кочоска: Министерот за финансии рече ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра, тие пари сакаат да ги обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал

„Слушнавме министерот за финансии кажа сега ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра. Значи нив им треба 50 милиони евра да обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал. Ништо друго освен да го финансираат криминалот“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска при вчерашната посета на населени места како дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ, „Ова е Македонија за сите“.

dobivaj vesti na viber

Димитриеска Кочоска додаде дека секојдневно граѓаните гледаат и сведоци се дека освен криминал и корупција власта ништо добро не прави за населението.

„Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека сите кредити ќе поскапат бидејќи власта ќе може да влијае на поскапувањето на кредитите.

 

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“