Утрински Весник
Македонија

Обвинителството не ја исклучува можноста да отвори предмет за надзорот за коридорите 8 и 10

Обвинителството не ја исклучува можноста да отвори предмет за надзорот за коридорите 8 и 10
300x250 (7)

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги следи обвинувањата за несоодветен избор на компанија која ќе врши надзор над изградбата на коридорите 8 и 10 и не ја исклучува можноста да направи предистрага. Засега ги следат информациите и изјавите поврзани со изборот на компанијата за надзор.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не ја исклучува можноста во наредните денови откако ќе ги проучи изнесените информации во медиумите, да оформи предмет и да започне предистражна постапка со цел да се испита дали постојат елементи на кривично дело и доколку постојат кој е надлежен да постапува. Воедно, напомнуваме дека секој субјект што поседува информации или докази за сторено кривично дело, има обврска да пријави до надлежното обвинителство и да го достави доказниот материјал“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Ss1

Од таму нагласуваат дека Обвинителството е орган во чија надлежност е прогонот на сторителите на кривичните дела, додека надлежни за откривање на делата се други институции. Инструментот по допрен глас како еден од трите инструменти врз основа на кои Обвинителството може да отвори постапка, се користи во исклучителни случаи, односно кога доказите за постоење на кривично дело се очигледни, а претходно нема соодветна реакција од институциите во чија надлежност е откривање на кривичните дела.

За вршење надзор над изградбата на коридорите 8 и 10, Владата се обврза да плати 22,3 милиони евра на козорциумот предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“ со објаснување дека надзорот ќе го вршат меѓународни експерти. Иако италијанската компанија е носител на конзорциумот, најголем дел од предвидените 22,3 милиони евра ќе бидат за домашните компании „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“ оти е предвидено тие да завршат најголем дел од работите. „Електра солушнс“ е компанија која произведувала долна облека, кусо време се занимавала со услуги поврзани со информатичка технологија и компјутери, а од лани како дејност пријавила други градежно-интеалатерски работи и никогаш досега не вршела надзор. Лиценцата за вршење надзор ја извадиле по распишување на огласот за коридорите, во рекордно кус рок.

За другата домашна компанија, пак, „Евро консалтинг“ опозицијата и некои од медиумите  алармираа дека е сопственост на лице со криминално досие, Бранислав Димитриевиќ, уапсен во Хрватска во април 2021 година, врз основа на потерница од Интерпол. Неговиот син, Зоран Димитриевиќ, раководител во компанијата од 2021 година, го има и компанијата „Ептиса“ како лидер на тимот на француско-шпанскиот конзорциум, која исто така е дел компаниите кои ќе вршат надзор за коридорите.

Владата минатата недела на осми март го потпиша договорот и покрај предупредувањата во медиумите и острите критики од опозицијата. Првиот вицепремиер, Артан Груби кој е дел од владиниот тим за коридорите, по потпишувањето на договорот, замоли да не се лепат етикети на избраните компании и повика секој што има какви било информации и сомневања, да ги достави до Јавното обвинителство.

Спорните компании ќе вршат надзор над работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кои за 1,3 милијарди евра треба да изградат четири автопатски делници од коридорите 8 и 10.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула