Утрински Весник
Свет

Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против Додик

Додик се закани со прогласување на независнот на Република Српска

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против претседателот наРепублика Српска, Милорад Додик и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неисполнување на одлуките на високиот претставник на Босна и Херцеговина, јави „Радио Слободна Европа“.

dobivaj vesti na viber

Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина, соопшти Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Обвинителството на Босна и Херцеговина на 9 јули формираше тим од тројца обвинители откако во Службен весник беше објавен указот на претседателот Додик во врска со непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.

Во указот, кој беше објавен истиот ден, се наведува дека одлуките на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ повеќе не се објавуваат, а со тоа и не се почитуваат во Република Српска, како и дека одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на овој босански ентитет.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со своите одлуки од 1 јули целосно ја суспендираше целата законодавна процедура во однос на антидејтонските потези на Народното собрание на РС и усвојувањето на двете споменати одлуки.

 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот