Утрински Весник
Македонија

Обвинет 37-годишник за обид за убиство на својот брат потоа легнал да спие додека братот лежел во крв

Whatsapp image 2025 04 01 at 15.22.56.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице, за кое од доказите произлегува основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19, извршено во обид.

Обвинетиот, 37-годишник, при вршење семејно насилство во семејниот дом во Марино, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата.

Иако братот бил сериозно повреден и изгубил свест, обвинетиот не му пружил помош, туку легнал да спие. Следното утро забележал дека братот лежи во локва крв на истото место, но повторно не презел ништо и го пријавил настанот дури неколку часа подоцна. На оштетениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди со кои му бил загрозен животот.

Јавниот обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Можете да прочитате

ДРАМАТИЧНА НОЌ ВО ПАЛИГРАД: Пожарот се приближува кон селото, пожарникарите остануваат на терен

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор