Утрински Весник
Македонија

Облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат

Vrnezhlivo ulica drv a.jpeg

Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 14 степени.

Наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ