Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Oblacno Ezero.webp.webp

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Можете да прочитате

АХВ врати 23,6 тони пилешко месо произведено во јануари 2025 година

Во недела протест и двочасовна блокада на бугарско-македонската граница

Купил бензин, ги полеал дипломатските возила и ги запалил – ОЈО бара притвор