Утрински Весник
Свет

Пезешкијан: Иднината на Иран ќе ја обликува неговиот народ

20260201113130 big 730x400 95.webp.webp

Иднината на Иран ќе ја обликува народот на Иран, објави денеска на својот профил на Х иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нарекувајќи ги припадниците на иранскиот народ „херои“ затоа што, според него, се спротивставија на војната што САД и Израел ја водат против земјата.

Пезешкијан рече дека конфликтот почнал на 31 јули 2024 година со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, за време на неговиот престој во Техеран на церемонијата на инаугурацијата на Пезешкијан.

„Пред две години, почетокот на нашата работа се совпадна со ционистичкото убиство на нашиот драг гостин. Веќе две години на народот на Иран му се наметнуваат војни, притисоци и непрекинати непријателства. Во сите тие тешки денови, во прв план излегоа вистинските народни херои. Иднината на Иран ќе ја обликува самиот народ на Иран“, се наведува во објавата на Пезешкијан.

Можете да прочитате

Анкета: Во случај на војна, повеќето Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата

Зголемен бројот на градови под црвено предупредување за високи температури во Италија

Во Австрија речиси 400 смртни случаи се поврзани со топлотниот бран во јуни