Утрински Весник
Македонија

Облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег

Dozd.jpg

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР информираа дека во петок и сабота ќе има услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).

Можете да прочитате

Трпчевски со Македонисимо во Романија ја стартува концертната 2025

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег