Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Dozd 3.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.


Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер над 60 километри на час.

Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури. 

Можете да прочитате

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми