Утрински Весник
Свет

Објавени видеа од местото на хеликоптерската несреќа во Киев, расте бројот на жртви

Објавени видеа од местото на хеликоптерската несреќа во Киев, расте бројот на жртви

Најмалку 18 лица, од кои три се деца загинаа во хеликоптерската несреќа во близина на Киев каде животот го загуби и украинскиот министер за внатрешни работи. Денис Монастирски.  Во хеликоптерот, според извештаите, биле неговиот заменик Евген Џенин и државниот секретар.

dobivaj vesti na viber

Хеликоптерот се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари.

Гувернерот на Киев извести дека децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката.

„Трагедија во Бровари. Зголемен е бројот на жртвите. Во 10:30 часот — 18 мртви, меѓу кои три деца. Познато е дека има 29 повредени, од кои 15 деца. На жртвите им била укажана сета потребна помош. Сите служби за итни случаи се на лице место“, рече тој.

На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии на кои се гледаат делови од хеликоптерот и спасувачката екипа.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека зградата гори.

Можете да прочитате

Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот

Израел соопшти дека врховниот лидер на Иран Али Хамнеи е убиен

Трамп за израелски новинар: Нападот може да трае со денови или подолго, на Иран ќе му требаат години да закрепне