Утрински Весник
Македонија

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

20221113144909 Big 730x400 92.webp.webp
Dik 300x250 mk

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2024 година во областа на воспитанието и образованието ќе ја добие универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, а во  областа на културата и уметноста – писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.

Како што соопшти Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, под претседателство на Томислав Османли, ја донел одлуката за годинашните лауреати на кои признанието ќе им биде врачено на 8 декември напладне во Собранието на Република Северна Македонија.

-Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија, наведува Министерството за култура.

Можете да прочитате

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје