Утрински Весник
Балкан

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово

Policija Kosovo.webp.webp

Косовската полиција соопшти дека синоќа непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се наведува дека во случајот нема повредени.

„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во полицискиот извештај.

Звечан е општина во северно Косово, населена со мнозинско српско население. Како и во другите три општини во областа – Северна Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток – и во Звечан минатата година имаше големи протести на косовски Срби против преземањето на должноста на градоначалниците Албанци, откако Србите ги бојкотираа локалните избори во знак на протест против политиките на Владата во Приштина кон таа етничка заедница.

Министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и генералниот директор на Полицијата на Косово, Газменд Хоџа во понеделникот, на 25 ноември поставија камен-темелник за изградба на новата полициска станица во Звечан. 

Можете да прочитате

Пукање среде Башчаршија: Маскиран маж отворил оган кон локал полн со гости

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии