Утрински Весник
Свет

Објавена е прва долгорочна прогноза за зимата

Објавена е прва долгорочна прогноза за зимата
Ss2

Метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ ги објави предвидувањата за зимските месеци 2022 и 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Тие го користеле моделот ECMWF од Европа, моделот CFSv2 од САД и комбинираниот северноамерикански модел NMME.

Ss1

Со комбинирање на овие три модели, тие веруваат дека можат релативно веродостојно да ја прикажат просечната слика од три зимски месеци, но истакнуваат дека и со најсигурни податоци времето не може да се предвиди со стопроцентна точност.

Месечните прогнози на НАО на ECMWF укажуваат на негативни трендови во почетокот на зимата.
Тие би можеле да ги зголемат шансите за постудени периоди во делови од Европа. Негативен NAO значи поголем притисок над Гренланд и Исланд, што го нарушува стандардниот западен млазен поток.

Што се однесува до температурите, тие треба да бидат просечни на запад, под влијание на областа на низок воздушен притисок над западна Европа и Азорските Острови.

Поголемиот дел од континентот е во опсег на просечни температури, додека во Централна Европа има шанси за натпросечни температури.

Тие прогнозираат дека количината на врнежи ќе биде и во рамките на просечните вредности за поголем дел од континентот.

Североисточниот дел би можел да остане нешто посува од вообичаеното, додека медитеранската област се очекува да има поголема количина на врнежи од вообичаеното за зимските месеци.

Тие предвидуваат и дека ќе падне потпросечно количество снег, но предупредуваат дека тоа не значи дека воопшто нема да има снег и додаваат дека оваа прогноза не се согласува со онаа за температура и врнежи.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип