Утрински Весник
Култура

Објавен јавен повик за „Зимска приказна 2023“

Објавен јавен повик за „Зимска приказна 2023“
Ss2

Општина Битола објави јавен повик за учество во организацијата на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2023 година – Зимска приказна 2023.

dobivaj vesti na viber

1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организацијата на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2023 година.

300x250 (7)

2. Право да се пријават на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата, со достава на понуда електронски на  адресата на е-пошта [email protected]

3. Селекцијата на настаните ќе ја изврши стручна Комисија која го задржува правото да направи распоред на настаните.

4. Настаните ќе се реализираат во периодот од 24.12.2022 до 31.12.2022 година.

5. Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-347.

6. Крајниот рок за доставување на пријавите за интерес е 09.12.2022.

Јавниот повик е достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2022/12/Јавен-повик-ЗИМСКА-ПРИКАЗНА-2023.pdf.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“