Утрински Весник
Свет

Oфицијална Москва: Moжно е да протераме бугарски дипломати

Захарова ја осуди ЕУ-политиката на санкции кон Русија
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Oфицијална Москва ги повикува бугарските власти да престанат со лов на вештерки што им штети на нивните национални интереси, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи го потегот на Софија за прогласување на персоналот во руската амбасада за персона нон грата.

Pet Utrinski

„Уште еднаш ја повикуваме Софија да престане да учествува во кампањата за лов на вештерки што им штети на националните интереси на Бугарија. Време е за враќање на конструктивната билатерална агенда, која е поприродна за односите меѓу Русија и Бугарија“, се наведува во изјавата на Захарова, пренесе агенцијата „Тасс“.

Screenshot

Захарова во изјавата посочи дека Русија може да одговори на ист начин, на протерувањето на двајца руски дипломати од Бугарија.

Таа кажа дека во согласност со дипломатската практика, Русија го задржува правото да одговори на ист начин.

Вчера бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати за да ја напуштат Бугарија, откако обвинителството истражуваше шест лица за шпионажа во корист на Русија.

Министерството соопшти дека ја известило руската амбасада во Софија за својата одлука по известувањето од Обвинителството дека двајца дипломати биле вмешани во аферата со шпионирање, објави „Ројтерс“.

Луѓето вмешани во скандалот наводно давале доверливи информации за Бугарија, НАТО и ЕУ на руската амбасада во Бугарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси

Кој беше Ебрахим Раиси

Утрински Весник

Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции