Утрински Весник
Економија

Oд полноќ цената на дизелот ќе се зголеми на 99,50 денари за литар

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од вчера.

Во согласност со оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), но и на Мазутот М-1 НС ќе останат на истото ниво од вчера, додека пак цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2 денара за литар.

Така, почнувајќи од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 107 (денари/литар)
Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 109 (денари/литар)
Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 99,50 (денари/литар)
Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 95,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС: 54,640 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра