Утрински Весник
Македонија

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор

Lisici.webp.webp

Официјално е прифатен предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијаие врз сведоци и опасност да го повтори делото

Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да биде предаден во три наврати, 50.000 евра во првата рата и две последователни рати по 25.000 евра.


Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?