Утрински Весник
Магазин

Филмски сувенири на Мерлин Монро одат на аукција

Корсетот на Мерлин Монро од филмот Gentlemen Prefer Blondes („Мажите повеќе сакаат русокоси“) и белешки до учителот по глума Ли Стразберг се меѓу предметите што ќе се најдат на аукција по повод 96 години од раѓањето на иконата.

Веста дека неверојатната колекција сувенири на Монро ќе биде ставена на аукција во Julien’s подоцна овој месец почна са се шири во средата, на денот кога иконата ќе го прославеше својот 96. роденден.

Богатствата што се нудат вклучуваат порака што Мерлин му ја напишала на својот легендарен учител по глума Ли Стразберг и блескаво боди што го носеше во „Мажите повеќе сакаат русокоси“.

Најпопуларната русокоса на сите времиња се роди во Лос Анџелес на 1 јуни точно пред 96 години. Оваа актерка и ден денес се смета за една од најсексапилните жени во Холивуд.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото